АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го одржа првиот форум од серијата на четири регионални форуми за идентификација на проектните идеи за грантовата шема која е дел од проектот „Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој“. Овој проект финансиски е поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка и развој SDC.
„Согласно насоките од грантовата шема, областите на интервенција во оваа програма се животна средина, социјална инклузија, бизнис инфраструктура и туризам. На овие регионални форуми претставниците од граѓанскиот, невладиниот, образовниот и бизнис секторот ќе имаат можност преку транспарентен и партиципативен процес да предложат, а на крајот и да донесат проект во износ околу 80 000 евра кој треба да ги исполнува критериумите и барањата на донаторот , а воедно и потребите на регионот“, изјави Гого Видимче, директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
Од форумот треба да произлезат три квалитетни проекти, кои ќе му се понудат на донаторот. Оној што ќе го избери донаторот, ќе треба да се реализира уште годинава. Со реализацијата на прокетот ќе се придонесе кон развиеноста на рамномерниот регионален инклузивен развој.