Пукна голема азбестна цевка што минува низ центарот на Битола, поточно низ улиците Ленинова, Стево Патако и Кирил и Методиј.
Од Јавното претпријатие ,,Водовод" соопштија дека се рабори за дефект на најголемата азбестна цевка што минува низ тој дел на градот и дека екипи веднаш излегоа на терен да го санираат дефектот.
Од пукнатата цевка вода се излеа низ улиците во центарот на Битола, како што се Димитар Илиевски Мурато и други околни.
Екипите на ЈП ,,Водовод" за брзо време го запреа прокот на водата од цевката и сообраќајот се нормализира.
На терен имаше и полициска екипа која помагаше во регулирање на сообраќајот на местото каде се изведуваше интервенцијата.