2win800x200

Несовесните почнаа со крадењето на новите садници во Градскиот парк

Март 29, 2019

Откорнати и украдени се дел од новите садници во Градскиот парк во Битола кои само пред една недела беа засадени и донирани од општествено одговорни компании во градот.

 sad 3

Утрово  битолчани кои пешачат низ Паркот забележале дека недостасуваат садници во трите парцели за зеленило и цвеќе низ Градскиот парк. Само на едно место се откорнати и одземени 5 садници. Колку за информација еден садник во цвеќара може да се купи за цена од само 120 денари.

Новите  садници за Битола од општествено одговорни компании од градот беа засадени на Денот на пролетта како дел од акцијата „Дај свој придонес-засади дрво“ што ја иницираше компанијата „Интерворкс“ за засадување на 10 илјади садници на повеќе локации низ градот.

Оваа пролет за засадување се планирани  2800 садници, од кои 1030 на јавни површини, во дворовите на основните училишта, градинките, Зоолошката градина, градскиот парк и во Клиничката болница.  Останатите садници како што напоменаа од  компанијата „Интерворкс“ можат да ги користат физички и правни лица за да ги засадат дрвцата во своите дворови.

Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“ уште на денот на акцијата апелираше до граѓаните граѓаните да покажат повисока свест за нашата животна средина.

-Постојано имаме поплаки од граѓаните и институциите, се жалат од училиштата, дека се откорнати  многу садници од акцијата на „Интерворкс“ што се реализираше минатата  година. Ние од  „Комуналец“ тоа го чувствуваме секојдневно, затоа што и површини кои хортикултурно ги уредуваме и одржуваме,  постојано се уништуваат.  Граѓаните мора да покажат повисока свест , дури и да укажуваат, да сликаат, да пријавуваат. Јас ги охрабрувам, затоа што мора да најдеме начин, нека биде разговор, предупредување, да делуваме превентивно. Ако сите заедно не се грижиме, не можеме да имаме добра животна средина, рече Богоевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани