2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битола го чествува Денот на ослободувањето

Ноември 04, 2017

Со прием во кабинетот на градоначалничката  Наташа  Петровска на претставници на Сојузот на борци од Битола, почнаа денешните активности за одбележување на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот.

Потоа, Петровска и претседателот на боречката организација, Александар Трајковски, положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на НОАВМ - Центар за култура, како и пред споменикот на Стив Наумов, а положија цвеќе и на Партизанските гробишта во Битола.

natasa cveke 2

-4 Ноември за Битола не е обичен ден. 4 Ноември е ден кога треба да прославиме, но и да се потсетиме на сите оние кои што ги дадоа животите за да ние денес имаме независна држава. Овој ден за нас е и завет, како треба да се однесуваме, како треба низ нашите дела да покажуваме дека нивната борба вредела. Кога зборувам за ова, посебно сакам да нагласам, дека за нас, можеби најзначајно е да обрнеме внимание дека младите генерации, нашите деца, треба да знаат што значеше и што значи 4 Ноември за Битола, што значеше таа пожртвуваност. Да бидат образувани, едуцирани, информирани и на тој начин да градат вредности во себе, да ги сочуваат вредностите на минатите генерациии но и да остават траги на своето време, изјави Нашташа Петровска, градоначалник нa Битола.

Претседателот на Сојузот на борци од Битола, Александар Трајковски, се потсети на денот кога беше ослободена Битола пред 73 години.

borci

- На 2 ноември последните германски единици ја напуштија Грција и се концентрираа во битолските касарни. Германските единици што учествуваа во борбите за Прилеп, беа дојдени во Битола и целата моторизирана единица беше концентрирана тука. Од разузнавачките служби на 49-та Дивизија имавме сонзнаија дека германската војска ги минирала касарните и многу згради во Битола, со единсвена цел, доколку 49 Дивизјија ги нападне да можат да ги дигнат во воздух. За да не дојде до такви уривиња во градот, командантот на 49 Дивизија, го испрати свештеникот Илија Тодоровски, кој добро го говореше германскиот јазик, на дипломатско преговарање со Германците. Тој им пренесе дека партизанските единици нема да ги нападната Германците додека престојуваат во Битола, по што последните германски единици се повлекоа ноќта спроти 4 Ноември. Во мугрите 7-та бригада влезе во Битола, а битолчани со радост ги дочекаа. Имаше големо славење, рече Трајковски.

Почит на паднатите борци им одадоа и делегации од збратимените градови на Битола, претсавници на Советот на општина Битола, претставници на политичките партии,

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани