2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Почнаа уписите во средните училишта

Јуни 17, 2019

Во Битола има 797 завршени основци, а според конкурсот распишани се повеќе од двојно слободни места во средните училишта. 

 

Започна првиот уписен рок во средните училишта во Битола. Уписите во седумте средни училишта во градот ќе се одвиваат денес и утре.

Годинава има 797 завршени деветтооделенци во Битола, а по конкурс повеќе од двојно слободни места,  дури 1861. Во битолските средни училишта се запишуваат и завршени основци од Могила каде го има 57, Новаци 29 и од други околни општини. 

Најмногу освоени поени и годинава се потребни за упис во Општинското средно училиште „Д-р. Јован Калаузи во Битола со минимум 70 поени, потоа следуваат гимназијата „Јосип Броз Тито“ и гимназиските паралеки во „Таки Даскало“ со 60 поени. 

Годинава во Горната гимназија, како што ја нарекуваат битолчани, на трите насоки природно-мателматички, јазично - уметнички и општествено -хуманистички ќе се запишат 204 ученици во шест паралеки. За да станат средношколци на ова училиште тие треба да освојат минимум 60 поени. Тие се пресметуваат од постигнатиот успех во основните улилишта на крајот на годината, покажан успех по четири предложени наставни предмети важни за насоката, поведение како и дипломи од државни и меѓународни натпревари, каде се земаат  предвид само постигнатиот упех од прво до трето место. 

Средното општинско училиште „Ѓорги Наумов“ има место да прими 365 ученици во 11 паралелки. За машинска струка треба да се постигнат минимум од 30 до 45 поени, а за електротехничка до 55 поени.  

Средното оштинско училиште „Таки Даскало“ има простор за 612 ученици во 18 паралеки, од кои во 16 се изведува настава на македонски јазик, а во две на албански јазик. За упис во гимназиските паралеки потребни се минимум 60 поени. Во нив има простор за 238 ученици во седум паралеки. На струките геолошко-рударска и металуршка има слободни места за 68 ученици со освоени поени од 30 до 45; на градежно-геодетска ист број на ученици (68) со 45 минимум поени; на сообраќајна 68 ученици од 55 до 60 поени; текстилно-кожарска една паралелка со 34 ученици со освоени 45 поени; графичка со 68 ученици со 30 до 45 поени; Угостителско-туристичка 34 ученици во една паралека со 45 освоени поени и лични услуги со ист толкав број на ученици и поени. 

Во Економското училиште „Јане Сандански“ ќе се запишат 170 ученици во пет паралелки.  За економски техничар учениците треба да имаат минимум 60 поени, а за асистент деловен администратор  најмалку 30 поени. 

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ поготвено е да прими 170 ученици во пет паралеки со освоени најмалку од 30 до 45 поени, во зависност од насоката. 

Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ располага со 306 слободни места во 9 паралелки, 8 на македонски јазик и една на албански. За здравствената струка има 272 слободни места во осум паралеки и минимум постигнати 70 поени и лични услуги 34 ученици во една паралека  со освоени 60 поени. 

Државното музичко училиште ќе запише 34 ученици во една паралека со освоени 60 поени.    

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани