АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателот на ЛДП, Горан Милевски влегува во владата на премиерот Зоран Заев како иден министер за локална самоуправа. Оваа вест од партијата на Милевски ниту ја демантираат, ниту ја потврдуваат.
На прашањето на Апла.мк од Либерално-демократската партија не упатија на мандатарот.
-Коректно е кадровските прашања во владата да ги објави премиерот Зоран Заев. Не би сакале предвреме да потврдуваме било што, одговорија од ЛДП за Апла.мк.
Веќе се пишува дека Милевски од пратеничките клупи заминува во владата како министер за локална самоуправа . Ова министерско место досега беше во рацете на Сухејл Фазлиу од Националната демократска преродаба.
Доколку Милевски седне во првата фотелја на Локална самоуправа , тоа значи дека после 4 години Битола добива министерско место. Воедно Милевски ќе биде вториот министер од Битола на оваа позиција. Зоран Коњановски беше на чело на Министерството за локална самоуправа во период 2006-2007 година.
Промените во владиниот кабинет се најавени за 25 јуни.