АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вкупно единаесет основни и средни училишта во Битола бараат да се реализира настава со целосно или делумно физичко присуство на учениците. Шест од вкупно 12 основни училишта во општина Битола бараат настава со физичко присуство за учениците од четврто до деветто оддление и за учениците во комбинираните паралелки од прво до петто оддление. Вакви барања поднеле битолските основни училишта „Д-р Трифун Пановски“, „Елпида Караманди“, „Ѓорѓи Сугарев“ и „Коле Канински“ за кое е одобрено од Советот на општината за настава со физичко присуство во две подрачни училишта во село Буково и село Поешево, како и основните училишта ОУ „Александар Турунџев“ од с.Кукуречани и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ с.Бистрица.
Барање за реализација на настaва со физичко присуство бараат и 5 средни училишта: гимназијата „Таки Даскало“ и средното земјодлеско „Кузман Шапкарев“ , додека пак, медицинското училиште „Јован Калаузи“ и техничкото „Ѓорѓи Наумов“ бараат согласност за реализирање практична настава со физичко присуство. Гимназијата „Јосип Броз Тито“, побарала физичко присуство по предметот спорт и спортски активности.
-Доставени се барања од некои училишта некаде за целосно, некаде за делумно физичко присуство, односно само за практичната настава и за предметото физичко образование. Тие барања се се проследени до Советот на Општина Битола, кои треба да ги одобри на денешната седница и така да ги упати до Министерството за образоавние и наука каде посебна комисја треба да ги разгледа, да постапи по истите и да донесе одлука дали ќе бидат конечно одобрени, изјави градоначалничката Наташа Петровска.
Барањата денеска се на дневен ред на седницата на Советот на општина Битола, но кончената одлука дали ќе се изведува ваква настава во основните училишта ќе ја донесе Министерството за образование