2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Јас сум Македонка“, рекла пред да умре Мирка Гинова, првата жена стрелана во Граѓанската војна во Грција

Јули 25, 2019

 „Јас сум Македонка и сум горда на тоа. Не убив никого, но се борам еден ден Грција да стане слободна татковина за сите Грци и Македонци. И ние, Македонците да бидеме слободни, да го зборуваме својот мајчин јазик, да имаме свои училишта, да нема повеќе затвори и рициново масло. Може ќе ме стрелате, но не се плашам“, рекла во 1946 пред судот во Ениџе –Вардар антифашистичка хероина од Егејска Македонија, Мирка Гинова.

Именувајќи ја со македонското име Ирини Гини со кое некогаш ѝ се обраќале членовите на Грчката комунистичка партија, годинава во јануари во грчкиот параламент ја спомна и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас.

Била родена во село РусиловоВоденско,во 1916 година во сиромашно семејство. На двегодишна возраст, останала без својата мајка, која умрела од грип. Нејзиниот татко, иако сиромашен, согледувајќи ја нејзината желба за знаење, со малку средства ја испратил на курс за учителки во Костур.

За времето на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција заедно со илјадници македонски и грчки патриоти, се борела против фашистичките окупатори на Грција, а подоцна и против силите на реакцијата и монархофашизмот. Таа ги организирала македонските младинки и младинци кои ја помагале народно-ослободителната борба, регрутирала нови борци, станала секретарка на Антифашистичкиот фронт на жените за Воденскиот округ. Во 1945 година, Мирка Гинова се приклучила на Тајната ослободителна македонска организација(ТОМО) и при избувнувањето на Граѓанската војна во Грција учествувала во вооружените групи на Народноослободителниот фронт.

Во книгата „Пофалба за македонизмот“д-р Александар Литовски, повикувајќи се на сочувани историски сведоштва , Гинова ја опишува како искучително скромна, чесна, сочувствителна и добра, правдољубива и храбра. Сето тоа ја правело многу сакана од борците и народот во Воденско.

Летото 1946 година во една акција на 400 грчки жандарми и војници, нејзиниот одред бил опколен и започнала борба во која Мирка Гинова (која единствено била вооружена) убила двајца жандари. Кога останала без муниција, била заробена, заедно со шестмината свои другари.

Во гореспоменатата книга историчарот Литовски пишува дека таа стоички ги издржала сите мачења.

„Мирка била долготрајно, шеснаесет дена севезден тепана, ѝ биле откорнати нотите, ѝ биле ставани варени јајца под мишките, сол на отворени рани“, пишува во книгата.

Според други историски извори, таа била жива закопана до висина на вратот, додека жандармите пукале над нејзината глава. Потоа, Мирка и шесте нејзини другари биле спроведени на судење во Ениџе-Вардар каде воениот суд ја осудил на смрт со стрелање. Заедно со другите соборци, Мирка Гинова била стрелана на 27 јули 1946 година.

Непосредно пред да биде стрелана рекла: „Умирам за нешто во кое верувам со сета душа, како чесна, за поарен живот на другите“, пишува во „Пофалба на македонизмот“.

„Мирка Гинова недвојбено и непорекливо, покажала и докажала дека родољубието, вербата, љубовта, честа, достоинството иако не се материјални, сепак се единствено вистински и трајни и, оттаму, единствено вредни на нив да се потроши она што може да се нарече човечки живот“, запишал Литовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани