АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Управниот Одбор на АД ЕСМ го назначи Златко Ќурчиевски за директор на РЕК Битола, информираат од комбинатот.
-Управниот Одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го назначи Златко Ќурчиевски за директор на РЕК Битола. Ќурчиевски на оваа позиција доаѓа од местото директор за производство во РЕК Битола.
Златко Ќурчиевски е дипломиран електроинженер, кој во комбинатот работи од 1998 година, каде досега извршувал повеќе одговорни функции, потврдуваат од ЕСМ.