АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Започнаа активности за комплетно санирање на паркинг просторот пред Стоковната куќа Јавор, со кое сега стопанисува Јавното претпријатие за паркинзи.
„Комплетно ќе биде изгребана цела површина и ќе биде вградена нова асфалтна маса со дебелина од 5 сантиметри. Дополнително овој паркинг простор ќе биде обележан согласно сообраќајниот проект кој го поседуваме и во следниот период ќе бидат преземени мерки за целосно осветлување. Ги замолуваме граѓаните за трпеливост за време на извршувањето на овие градежни активности со цел предвидените активности да завршат во предвидениот законски рок. Се надевам дека за три до четири дена овој простор повторно ќе биде пуштен во функција“, рече директорот на ЈППЈЛП Зоран Дојчиновски.
Во моментот со наплата функционираат паркиралиштата пред Спортската сала, Центарот за култура, старата Автобуска станица, а најдоцна до следниот понеделник ќе биде пуштен и зонскиот систем на отворено.
Во градот според студијата има 1987 паркинг места, но претходниот приватен конзерионер преброил 1551 место. Новото јавно претпријатие ќе направи нова нумерација за да се утврди точно ситуацијата.