АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолското обвинителство до Основниот суд во Битола поденесе обвинителен акт против поранешен директор на РЕК Битола за кривичното дело загадување на животната средина. Обвинение е покренато и против правното лице Електрани на Сверна Македонија за истото кривично дело.
Директорот кој на оваа функција бил во периодот од јануари 2015 година до февруари 2017 година не се придржувал кон прописите за заштита на животната средна и дозволил процесот на отпепелеување на пепелта, која се добива при производство на електрична енергија од јагленот во комбинатот, да се спроведува без да се почитуваат утврдените парвила и процедури. Обвинителството смета дека не се вршело навремено покривање на пепелта на одлагалиштето со јаловина и не било ангажирана потребната механизација за овој процес.
Во соопштението на обвинителството се наведува дека Секторот за отпелеување во РЕК Битола постојано барал ваква механизација, но поради не почитувањето на постапката во наведениот период, на одлагалиштето имало големи количини непокриена пепел која до март 2017 година достигнале 50 илијади метри кавдратни.
При воздушни струења пепелта се разлетувала во околината, со што е предизвикана опасност за животот и здравјето на вработените во РЕК Битола и луѓето кои живеат во населените места околу комбинатот. Имено, летечката пепел која се создава со согорување на јагленот содржи сулфур диоксид, азот диоксид и тешки метали чие вдишување предизвикува влошено респираторно и кардиоваскуларно здравје на населението кое работи и живее во близина на термоелектраните како РЕК Битола, пишува во сооштението, за што Основното јавно обвинителство во Битола покрена обвинение против поранешен директор на РЕК и против правто лице - ЕЛЕМ
Сега актуелното раководство на одлагалиштето за пепел гради бедем висок 15 метри долг 1,5 километри, кој треба да биде готов до крајот на годината, а внатре ќе се одлага пепелта што се добива при согорувањето на јаглен, со шо ќ се намали влијанието на втерот за разнесување на пепелта во околината. Исто така, од комбинатото велат дека интензивно се работи на покривање на пепелта каде од непокриена површина од 50 илјади метри квадратни, останати се за покривање уште 5000 метри квадратни.