АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Офицерскиот дом се чисти и подготвува за реконструкција. Мајстори од Битола и Вевчани веќе ги исчистија внатрешните простории на Офицерскиот дом од ѓубре и ги ги искорнаа штиците од подот кои беа руинирани. Велат дека ќе подолжат со реконструкцијата и дека ќе биде се средено од дограмата до фасадата.
Надвор работници го заградуваат објектот со тараби за да се обезбедат услови за реконструкција. Загреден е скоро од сите страни, а денес работеа на предната. Додека околчуваа, странски туристи се интересираа дали можат да влезат во објектот и да го разгледаат. Им беше кажано дека во тек е реконструкција и дека во иднина ќе му се врати стариот сјај..
Пред Офицерскиот дом поставена е табла на која пишува дека сереконструира со финансиска поддршка од ЕУ. Вкупниот износ е 30 995 736 денари, а изведувач е фирмата „ВИА“ ДОО од Вевчани.
Офицерскиот дом е архитектонски бисер на Широк Сокак кој датира од почетокот на 20 век. Долги години беше запуштен, за време на претходната власт се направи обид да се продаде, но, битолчани се побунија и тогашната Влада се откажа од таквиот план. Обновата на Офицерскиот дом беше едно од главните ветувања на градоначалниката Наташа Петровска за време на локалните избори.