2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битола го доби „Еурофарм Пелистер“

Ноември 29, 2019

Двата битолски ркометни клуба РК „Еурофарм Работник“  и РК „Пелистер“  денеска се фузираа во „Еурофарм Пелистер“

 По неколку месечни преговори, претставници на клубовите и градоначалничката Наташа Петровска утрово во просториите на Општина Битола  го потпишаа договорот, а административните процедури за преземање отпочнуваат веднаш.

-Во име на РК Еурофарм Работник сакам да го искажам моето задоволство што по долги преговори стигнавме до овој момент. Според некои, долги преговори, но според мене исклучително квалитетни и тоа е најзначајното, во тоа што го правите да внесете квалитет и темелност, а времето некогаш и не е приоритет, кога треба да овозможите иднината да биде светла, особено за нешто што е многу сензитивно за Битола и битолчани, а тоа е ракометот и РК Пелистер. Идејата потекна од спортски работници и поранешни ракометари кои што сметаа дека фузијата на двата сегашни клубови во Битола е основа за да се направи еден поголем исчекор не само на нашите простори, туку и на меѓународен терен. Ние сме уверени во тоа дека ќе биде така и ме радува што целокупниот процес се темелеше на исклучителна транспаретнтност, на чесни идеи, а така и ќе продолжи. Основата на оваа платформа за битолскиот ракомет е да се врат сјајот комплетно на битолскиот ракомет и сите да бидеме горди, рече Зоран Стерјев, претседател на РК „Еурофарм Работник“. 

Новите дресови се во сино бела боја, а на нив е грбот на РК Пелистер. Годишниот буџет на клубот според договорот, е еден милион евра. 75 проценти од акциите се сопствност на Еурофарм, кој ќе инвестира 45 милиони денари, а општината има 25 проценти сопсвеност и ќе инвестира по 15 милиони денари во наредните 5 години.

-Отсекогаш сум се водела од начелото дека спортот треба да биде оставен на спортистите и спортските работници и затоа ценам дека во Управните одбори на спортските клубови треба да има спортски работници, меѓутоа и од бизнис заедницата. Моето залагање како градоначалник е од страна на општината да се поддржуваат максимално со финансиски средства нивните активности, па РК Пелистер откако сум градоначалник има добиено 579.000 евра, што не е сума за занемарување во наши, македонски услови. Денес го потпишавме договорот кој што претставува завршница на еден процес, исклучително транспарентен, договорот беше изгласан во Советот, а беше поставен и на веб страната на општината, со што имаа можност и граѓаните да имаат увид во истиот. Она што посакувам е во периодот кој што следува, ракометна Битола да ја добие славата која што ја имаше во минатото“, рече по потпишувањето градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Отако клубот остана без тренер, од Еурофарм размислуваат  за повеќе имиња како можни опции, но нема да се носат избрзани решенија. Најавија и засилување, најверојано на две позиции поради амбициите за повиоск пласман и дома и на меѓународните натпревари.

Е.М.

 

20191129 091223
dres
 zaednicka
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани