2win800x200

25 милиони денари од АД ЕСМ за спортските клубови и спортисти

Јануари 11, 2020

АД ЕСМ денес потпиша договори за финансиска поддршка на спортски клубови од Битола по основ на таканаречен спортски ваучер систем. РК „Пелистер“ ќе добие 8,5 милиони денари, КК „Пелистер“ 2,5 милиони денари, ФК „Пелистер“ поддршка од 1 милион денари, ЖРК „Пелистер“ 750.000 денари. Поддршка врз основа на спонзорства и донации ќе добијат и Кугларскиот клуб Пелистер и Женскиот фудбалски клуб „Топ гол“.

 

„Општествената одговорност на АД ЕСМ се одразува и со овие наши активности за кои годинава предвидени се над 25 милиони денари за поддршка на спортски клубови од цела држава. Најголем дел од средствата, секако, се наменети за битолските клубови заради фактот што тука се наоѓа нашиот најголем производствен капацитет – РЕК Битола”, истакна генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски по потпишувањето на договорите.

Законот за даночно олеснување или т.н. „спортски ваучери“ е одлична можност за стимулација на стопанските субјекти да го пронајдат сопствениот интерес за инвестирање во спортот, додаде Ковечевски, и ги повика останатите компании да го следат чекорот на Државните електрани. Законот овозможува дел од данокот на добивка, компаниите да го вложува во спортот, наместо да ги платат парите во државната каса.

„Интерес на АД ЕСМ се стабилни спортски клубови кои ќе придонесат за развој на спортот генерално во земјата, а со тоа здрави генерации на млади луѓе и деца кои ќе спортуваат“, заклучи генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Јован Христовски, генерален директор на КК „Пелистер“ се заблагодари за донираните средства и рече дека нивните амбиции сега и во иднина стануваат реалност, со што клубот ќе се врати на нивото кое кое Битола го заслужува.

„Кошаркарската лига не била никогаш поизедначена благодарение на оваа мерка со спортски ваучери и благодарение на оваа поддршка. Се надевам дека во иднина соработката ќе продолжи, многу компании ќе се охрабрат и ќе придонесат за развој на спортот“, рече Христовски.спорт3

Сашо Шамбевски се заблагодари од името на РК „Пелистер“ и додаде дека клубот со овие средства ќе израсне во она што битолската јавност го посакува Еурофарм Пелистер да биде нов бренд и да постигне уште поголеми успеси.спорт 2

Кире Грбевски претседател на Женскиот фудбалски клуб „Топ гол“ од Битола рече дека ваучерскиот систем за спортските клубови претставува една огромна финансиска помош, еден голем ветер во грб.

„Со овие финансиски средства ќе ги подобриме условите за тренинг и натпревар, а на некој начин не обврзуваме да разботиме уште повеќе, помотивирано, да постигнуваме повисоки спортски резултати, да достигниме едвропско ниво и на многу повисоко ниво да го крениме спортот во градот. Обврзани сме да ги оправдаме средствата со квалитетна работа и висок резултат“, рече Грбевски.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани