АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Решенија за директори со мандат од 4 години добија директорите на четири средни училишта во градот. Градоначалничката Наташа Петровска се одлучи да ги задржи на истите позиции претходно избраните ве-де директорски решенија. Така од 27 овој месец четиригодишен мандат за директор на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ му е врачен на Владимир Роме, исто така во гимназијата „Јосип Броз Тито“ на Фани Наумовска, во економското училиште „Јане Сандански“ на Александар Цветковски, а во земјоделското останува Благој Кривевски. Мандатите се добиени после објавените конкурси за директори и изведени постапки од страна на училишните одбори во четирите училишта.