АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Обновата на Офицерскиот дом во Битола, не е веќе само желба на битолчани, туку реалност.
Градоначалничката Наташа Петровска денеска изврши увид во работите што се одвиваат на терен и на својот ФБ профил напиша.
"Увид на работата во Офицерски. Се распаѓаат слоеви од пред многу децении. Сигурно, чекор по чекор до сјајот шти го заслужува оваа зграда"
Од Општината велат дека и покрај ладното време, во внатрешноста на домот се работи со забрзана диманика. Според одговорните лица, старите слоеви од малтер треба првично да бидат отстранети, за да може да се нанесуваат соодветните материјали, по што ќе следуваат и останатите реконструктивни зафати. Тие ја запознаа градоначалничката со досегашните зафати, кои што не можат да се видат од надворешна страна.