2win800x200

На ВМШ незаконски се избира наставен кадар, обвинуваат професори

Декември 15, 2017

Група  професори од Високата медицинска школа во Битола го обвинуваат раководството за незаконски избор на наставник на  оваа високообразовна установа на УКЛО.

Иако не било  обезбедено двотретинско мнозинство на седница на Наставно научниот совет, а конкурсот бил поништен од Државниот просветен инспекторат, направен бил обид незаконски избраниот наставник да се пријави во Агенцијата за вработување. Согласност за ова вработување, според професорите, била добиена последниот ден пред заминување на претходната Влада, а станува збор за блиска роднина на македонски дипломат.

На последната седница на Наставно научниот совет, дел од професорите не се согласиле со ваквиот избор, при што не било обезбедено потребното мнозинство на гласови.  Во дописот испратен до Апла.мк, професорите велат дека на Високата медицинска школа во Битола веќе подолг период се случуваат и други незаконски активности.

„Како врв на ова беззаконие е последниот избор на наставници за кои веќе беше поништен Конкурсот од страна на Државниот просветен инспекторат, на Седница на Наставнички совет одржана на 04.12.2017 год. без обезбедено двотретинско мнозинство на присутни што е основен законски предуслов за да се врши избор на наставници. Да е иронијата поголема, направен е и обид, незаконски избраниот наставник да се пријави во Заводот за вработување во редовен работен однос“ се вели во дописот до Апла.мк од професори на Високата медицнска школа.

По доставена претставка од професорите, Државниот просветен инспекторат  во октомври, извршил надзор во работатат на Високата медицинска школа/ Предмет на контрола била  конкурсна постапка за избор на наставен кадар, истот така, биле проверувани одлуки за промена на  раководители на студиски програми, а бил извршен и надзор на  број на запишани студенти, велат професорите. Инспекторите констатирале повреди во работењето на ВМШ  и  со решение поништиле дел од незаконските одлуки.

 

vms reakcija

Реакција од група професори испратена до Апла.мк

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани