АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од утре, недела, 22 март, се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден, нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, изјави вечерва техничкиот премиер Оливер Спасовски.
-Објавувам дека Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за уште една мерка што за прв пат се воведува во историјата на нашата земја на целата територија. На седница на Владата на Република Северна Македонија, која што туку заврши, донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот. Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани, односно полициски час. Од утре, недела, 22 март, се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата. Повторувам дека ништо веќе не е исто. Животот радикално се промени, како кај нас, така и во целиот свет, рече Спасовски.