2win800x200

Пет нови случаи со коронавирус во Битола, вкупно 14

Април 16, 2020
 
 
Потврдени се  пет нови позитивни лица со  КОВИД-19 во Битола со што бројката на заразени од вирусот се искачи на 14, соопштија од Центарот за јавно здравје во Битола. 
 
Стручен тим  од Центарот  во регионот на Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар има  земено брисеви за испитување од вкупно 208 лица за КОВИД-19. Кај 170 лица брисевите  се земени по епидемиолошки индикации, а кај 38 лица материјалите се со упатување од матичен лекар преку системот Мој термин. Од вкупниот број на земени брисеви, 172 се за лица со место на живеење во Битола, а 36 од Кичево, Ресен и Демир Хисар.
 
Исто така регистрирано е и лице заболено од коронавирус од Демир Хисар. Пациентите од Битола и Демир Хисар вкупнонна број 15  се на возраст од 5 до 85 години. Од нив осум се жени и седум мажи. Од вкупниот број потврдени позитивни лица, само две лица се хоспитализирани на Инфективното одделение во Клиничка болница Битола, додека 13 се на домашно лекување. Нема испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство КОВИД-19, соопштија од Центарот за јавно здравје во Битола. 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани