2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Денес еден новозаболен од КОВИД-19 во Битола, вкупниот број е 15

Април 17, 2020
Денес во Битола е регистриран еден позитивен на коронавирус, со што вкупниот број на заболени е 15 лица.
 
Во изминатите 24 часа на ниво на цела држава,  потврдени 36  нови случаи на Ковид-19. Тоа по градови изгледа вака:
- Скопје-22
- Куманово-4 
- Прилеп-3
- Струга-3
- Велес-3
- Битола-1
 
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1117. 
 
Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. 
 
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се  и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот. 
 
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години, а денеска во евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен. Пациентот починал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани