АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советникот од редовите на СДСМ-Битола, Методија Илиевски, најава тужба, откако интернет портал објави информација под наслов „Дали ќе се појави нов кластер во СДСМ во Битола?“, во кој тој и неговата сопруга како пациент во Клиничката болница Битола се наведени со име и презиме и поврзани со нарушување на некакви протоколи поврзани со КОВИД-19. Илиевски денеска објави дека се работи за невистини со цел да се наруши неговиот углед и угледот на неговото семејство. Објавената вест е без име на авторот , а порталот е без импресум.
-Почитувани сограѓани, драги битолачани. Со ова мое обраќање сакам најостро да ги осудам сите невистини кои се искажани во оваа објава на порталот ВЕРИТАС и бидејќи е нарушен мојот углед и угледот на мојата фамилиjа сакам да најавам дека ќе пристапам кон правна разрешница на овој случај, пишува Илиевски на својот фејсбук профил.
Тој во интерес на вистината потврдува дека КОВИД текстот направен за неговата сопруга е негативен.
-Точно е дека во текот на вчерашниот ден заедно со мојата сопруга бев во Клиничката болница во Битола за да добиеме соодветна медицинска помош, поради тоа што мојата сопруга е кон крајот на својата бременост не се чувствуваше добро. После запазувањето на сите протоколи и прегледи мојата сопруга беше задржана и соодветно третирана од страна на медицинскиот персонал. НЕГАТИВЕН е тестот од КОВИД- 19 и таа во моментот се чувствува добро, а јас како и секогаш полн со енергија и елан за работа и напредок. Тие што ме знаат можат да го препознаат тоа што го кажувам. Искрено сакам да им се заблагодарам на сите оние кои ми искажаа подршка во овие специфични моменти. Бидете внимателни и чувајте се!, пишува Илиевски.