2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Не очекувам зголемување на бројот на пациенти во Битола, рече Филипче при денешната посета на битолската болница

Јуни 24, 2020

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека е задоволен како се справува со оваa здравствена криза Клиничката болница во Битола.  која е регионален центар за пацинти заболени од КОВИД-19. Во моментот има 32 хоспитализирани пациенти, од нив 2 се од Битола, а останатите од околните градови, потоа на болничко лекување се10 суспектни за кои се чекаат резултати. На Инфкетивното одделение има  уште 3 слободни кревети, со потенцијална можност на располагање да бидат ставени 20 болнички места доколку затреба. 

FB IMG 1593026726143

-Не очекувам зголемување на бројот на заболени, еве денес нема новодијагностицирани пациенти, а во Битола бројот на пацинети е  мал. Кадарот е навистина на висина на задачата, лекарите, врвни експерти, со огромно искуство,  врвно ја вршат својата работа, пожртвувано. Од почетокот на оваа недела ставена е во функција и лабораторијата во рамките на Центарот за јавно здрваје, која сега ќе прави анализа за вирусот. Досега брисевите  беа праќани во лабораторијата на МАНУ, а резултатите се добиваат истиот ден, но оваа лабораторија е значајна придобивка затоа што ќе може да опслужи поголем број граѓани. За време на посетата ќе поразговараме со менаџментот и колегите за бројните предизвици со кои се соочуваат, и начинот на кои шо тие можат да се надмната, за здравсвената услуга да  биде на соодевтно ниво, рече министерот

 

received 704052083705493

Одговарајќи на прашање на апла.мк, Филипче, изјави дека и медицинскиот персонал ова лето ќе може да го користи годишниот одмор, затоа што има право на тоа, а  здравстените работници  се проеморени во оваа тримесечна битка со вирусот.

- Во овај момент многу се потребни инфектолозите. Но,  имајќи во предвид дека тие од почетокот на кризата деноноќно работат, а има само 25 во државата, тоа значи дека можат да користата годишен одмор, но ќе се направи соодветен распоред во  рамките на секоја јавна здравствена установа во договор со менаџментот. Апсолутно и на здравствените работници им е потребен одмор, но нема да се загрози функционирањето на било која јавна здравствена установа, додаде Филипче

00004.MTS.Still002

Тој вели дека со отворањето на границите не се очекува зголемување на бројот на заболени, доколку граѓаните ги почитуваат мерките, посебно носење заштитна маска и додава  дека во целиот свет мерките олабавуваат, а границите не може да бидат затворени долго време.

-Доколку се почитуваат превентивните мерки за носење маски и одржување дистнаца, овај ризк се сведува на минимум. Граѓаните мора да се свесни дека тоа е едниствениот начин, не само кај нас, туку во сите земји, а за што добивме потврда од експертот од СЗО, кој во овој момент престојува во нашата земја и има бројни состаноци, со разни чинители. Тоа се практично мерките со кои целиот свет се враќа во функцја, не може ниту една земја во светото да живее затворена, со затворени граници. Да бидам многу конкретен, сметам дека отворањето на границите, со таа контрола што ја имаме со термални камери на аеродромите, со онај начин на анкетирање на патниците при влез во земјава, сметам дека не е ризк за зголемвање на бројот на заболени, рече Филипче при денешната посета на битолската болница.

FB IMG 1593026736906

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани