АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Околу осумдесет книги донираше Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во битолскиот затвор „Црн мост“ за затворениците да имаат поразновидна литература за читање.
„Се надеваме дека со ова ќе се помогне во побрза и поефикасна ресоцијализација на осудените лице во установата. Имаме скромна библиотека, но ги исполнува барањата на осудените лица. Сепак, бараат да се набават нови книги кои излегуваат во светски рамки, но ние сме кратки во нашите можности да ги набавиме. Но, преку ваква соработка ќе одговориме на нивните потреби за книги“, рече директорот на затворот Драган Крајовски.
Директорката на библиотеката Јелена Петровска истакна дека во иднина ќе организираат и предавања и средби со писатели во затворот зашто со библиотерапија може да се помогне за побрза ресоцијализација на затворениците..
„Осудените лица имаат право и можности во оваа установа да имаат достојна рехабилитација и ресоцијализација со новите програми кои менаџментот на институцијата ќе ги оствари. Ете, прв чекор со околу 80 наслови и книги внимателно одбрани од книгите што ги имаме како дупликат за размена или ги добивме на подарок па ни се дупликат“, рече директоркта на библиотеката Јелена Петровска.