АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изработка на нова сообраќајна студија за градот или ревидирање на постоечката, најави градоначалничка Наташа Петровска. Новата локална власт констатира дека загадувањето на воздухот во Битола меѓудругите чинители е последица и на нерегулираниот градски односно целокупниот сообраќаен режим во општината.
Петровска од битолскиот универзитет „Св Климент Охридски“ побарала промени во сообраќајната студија, што треба дадат резултати на подолг рок.
-Како градоначалник не сум спиела во делот на регулирање на сообраќајниот режим. На една од моите први средби со претставници на Универзитетот за приоритетни прокети со коишто треба заеднички да делуваме, моето барање беше да се изработи нова, или да се рефрешира онаа посточка сообраќајна студија за Општина Битола. Затоа што да, сообраќајниот режим ни е ужасен и тоа е предизвик којшто треба да го решиме во 2018 година, вели Петровска.
Бившата локална власт пред осум години најави дека ќе го решава сообраќајниот хаос во градот. Изработи сообраќајна студија со потенцирање дека ќе понуди решенија за проблемите од сообраќајот на целата територија на општината, но за жал сообраќајниот хаос им остана на битолчани, а и загадениот воздух.
Петровска, пак, во изборната кампања најави измени во сообраќајниот режим, меѓудругото и осовременување на јавниот патнички превоз со набавка на еколошки возила како и воведување на нови линии во одредени подрачја од општината како што се населбите Боримечка, Стрелиште, Баир, Брусничко-лавчанска, Буковски ливади и останати подалечни населби.