2win800x200

Блиц интервју со Бојан Бојкоски-Никогаш нема да заминам од Битола бидејќи кафето на Широк Сокак најубаво мириса

Јули 02, 2020

Блиц интервју со Бојан Бојкоски, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица. Бојкоски завршил средно училиште во гимназијата „Таки Дасакало“ во Битола, а дипломирал на Факултетот за детективи и безбедност во Скопје. Од 2010 година работи во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Од почетокот на својот партиски ангажман во ВМРО-ДПМНЕ, најпрво во Унијата на млади сили, па низ останатите партиски тела и органи, вели дека  чекор по чекор минува низ  партиската структура.

Бојан Бојковски е сопруг и татко на едно детеIMG 6643

 

Апла: Кажете ни накратко за Вашето битолско потекло, имате ли предци кои придонеле за Битола? 

Бојкоски: Роден сум во Битола, моите родители како деца како и поголемиот дел во тоа време се од Битолско преселени во Битола. Татко ми поголемиот дел од младоста односно 17 години од животот го поминал на печалба во Франција, а додека мајка ми целокупниот работен век го има поминато во Битола.

Апла: Што Ви го исполнува слободното време? 

Бојкоски: Времето поминато со моето семејство. Како татко, во слободно време сум херој за мојот син. Можам да ја прелетам дневната соба како Бетмен, да го гушкам како Спајдермен, да бидам дедо Мраз од планетата Заз дури учиме да броиме, а ги совладав и звуците на сите моторни превозни средства. 

IMG 8992

Апла: На кои мигови од животот често се навраќате? 

Бојкоски: Со радост и секој нареден пат со посебна еуфорија евоцирам спомени од детството додека гледам стари фотографии од времето кога сум растел, безгрижноста на нашите лица за која не бил потребен цел филм за да се долови и исто како и читањето на малиот Принц, доживувањето додека ги гледам секогаш зависи од возраста. Во овој момент, имам желба растењето на улица на кое што јас се сеќавам дружејќи се со сите деца без никакви предрасуди, да го пресликам и на мојот син,за да може и тој еден ден со скокотлива насмевка да се сеќава на искрените и чисти детски емоции.

Апла: Што беше пресудно да влезете во политиката? 

Бојкоски: Се почна многу одамна, гледајќи ги сите предизвици и неправди кои се нанесуваат на граѓаните во Република Македонија се приклучив во Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, која од секогаш важи за авангарда и столб на младите. Денес, чекор по чекор поминувајќи низ целокупната партиска структура со искрена мисла и напорна работа, убеден сум дека доаѓа време на нова генерација на политичари.

Апла: Омилен настан од кариерата? 

Бојкоски: Работата која ја работам е динамична и секој ден е нов предизвик. Секој нов проект кој го работиме дали директно или индиректно влијае врз подобрување на живот на граѓаните од Пелагонија.

Апла: Кое е мотото на Вашиот живот? 

Бојкоски: Чекор по чекор, но секогаш напред!

Апла: Имате ли хоби? Како ги полните батериите? 

Бојкоски: Уживам во возењето велосипед, скијањето и откривањето на нови места недопрена природа. Со сопругата често знаевме да возиме до Пелистер за грст диви јагоди, да возиме до околните цркви за парче спокој, до блиските села за шише изворска вода. Сега уште повеќе уживам во доживувањето на сите авантури со моето семејство, кратките патувања и долгите разговори.

PelisterBike

Апла: Која книгави е омилена и зошто? 

Бојкоски: Во овој момент, наместо класицизам или реализам од светската литература, сакам да издвојам една иста емоција преплетена во повеќе романи и драми од македонската литература. Воден од мислата дека македонецот опстојувал и ќе опстојува, „Пиреј“ од Петре М.Андреевски во моите очи совршено го прикажува нашиот непокорлив народ. Народ кој „видел кревање на рака на својот идеал“ совршено отсликан во македонските „Црнила“ на Коле Чашуле за човековиот морален пад. Но, воден од мислата дека „секој на свој начин треба да го плати долгот кон татковината“, Ѓорѓи Абаџиев во неговата „Пустина“ доловува совршена ретроспекција навраќајки се во историјата, но и во нашата реалност.

Апла: Дали доколку станете пратеник би заминале од Битола?

Бојкоски: Не, бидејќи кафето во Битола најубаво мириса, бидејќи на Пелистер сакам да слушам како шушка моликата, поради секое ќоше со врежани спомени и прошетките по Широк сокак. Поради фамилијата, пријателите, навивањето под „тумбе кафе“ и во спортската сала за „Пелистер“ и звуците на „Битола мој роден крај“ од градската саат кула. Не, зошто сакам да бидам дел од обновата на градот наш убав.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани