АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заклучно до денеска 165 лица од Битола се со решение за изолација поради контакт со лица кај кој е потврден вирусот КОВИД-19, информираат за АПЛА.мк од СВР Битола. Оваа бројка е поголема од бројот на потврдени заболени лица од коравирусот во Битола која од почетокот на кризата до денес изнесува 143 од кои 65 се активни случаи.
-На 04.08.2020 год. на подрачјето на Битола моментален број на лица на кои им е издадено решение за изолација и врз кои се вршат котроли од страна на полициски службеници од ПС Битола е 154. Во текот на 04.08.2020 год. издадени се 11 нови решение на лица во изолација, потврдува Ана Крстиќ аналитичар при СВР Битола.
Битола се проценува дека е меѓу градовите со фаза 2 на ризик од КОВИД-19, со спорадични случаи, според категоризацијата од СЗО, информираат од Центарот за јавно здравје во Битола.