2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Младите што носат маски се исмевани во Битола и убедувани дека коронавирус не постои

Август 11, 2020

Млади битолчани чија идентитет е познат на редакцијата на Апла.мк преку писмо се пожалија на трендот што постои меѓу младите да се исмеваат доколу носат маски за заштита од коронавирус. Тинејџери од Битола сведочат дека маската ја земаат само како украс за да ја носат под брада, на рака или во џеб зашто ако ја имаат на лице додека шетаат низ Широк Сокак на поранешната Бела фонтана или на Шеталиште добиваат лоши погледи или се исмевани.

„Од дома излегуваме со маски за да ги имаме како доказ доколу не запре полиција и за да ги исполниме барањата на родителите за заштита. Потоа, кога ќе се сретнеме со пријателите ги повлекуваме зашто сме исмевани доколку ги носиме. Нашите врсници велат дека корона не постои и дека маските нема да не заштитат“, пишуваат група млади битолчани до нашата редакција.

Додваат дека се изморени да се објаснуваат со врсниците околу постоењето на вирусот.

„Се работи за домашно воспитување и убедување. Има родители кои веруваат во заговори и дека цела оваа реалност е вештачки наметната. Не е проблем во што човек верува, туку треба да престанат убедувањата на оние кои веруваат во вирусот и во мерките дека треба да се заштитат. Веруваме дека со нашиот пример, носејќи маски, треба да придонесеме во заштитата, но тоа во вакви услови не е можано и потребна е помош и акција“, додаваат младите.

Според нив, неопходно е да се отпочне со кампања меѓу тинејџерите да не се исмеваат оние кои одлучиле себе да се заштитат. „И не само кај нив, туку, неоппходно е да бидат опфатени родителите, потребна е демократска свест, ако некој размислува различно, тоа треба да се прифати, а не да има исмејувања и убедување“, ни напишаа тинејџерите.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани