АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пред новата учебна година СОТУ „Ѓорги Наумов“-Битола добива нов лик. Нова ПВЦ дограма се поставува по училниците во Средното техничкото училиште и стариот покрив од салонитки се заманува со нов лимен покрив.
Промена на кровната конструкција и столаријата во објектот започна пред неполн месец и работите се во тек. Поради градежните активности од Техничкото училиште апелираат граѓаните кои секојденевно го користат дворот на училиштето како пристап до Новиот зелен пазар, во овој период да го одбегнуваат бидејќи поради изведбата на терен постои опасност по нивниот живот.
Бугарската држава обезбеди донација од 133.000 евра за реконструкција на Средното техничкото училиште во Битола, општина Битола конфинансира 27.000 евра за комплетна замена на дограмата и покривот.
Средствата се обезбедени преку Програмата за помош и развој на соседните држави со цел учениците во Техничкото училиште во новата учебна година да можат да одржуваат настава во современа и реновирана зграда. Целта е да се создадат нормални, добри услови за учениците, администрацијата и професорите во училиштето, а во исто време ќе се постигне и еколошки ефект зашто училиштето се загрева на мазут и со санирањето ќе се намалат количините на потрошено гориво.