АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Двајцата полицајци од Битола кои завршија со суспензија да се вратат на работа, а понатаму институциите како што се Одделот за внатрешна контрола, Јавното обвинителство и судовите да донесат соодветна одлука заснована на факти, побара Независниот синдикат на полицијата на денешниот мото протест во Битола.
Припадници на Независниот полициски синдикат со возила на кои се вееја македонски знамиња, свирејќи, два часа вртеа низ битолските улици барајќи надлежните да ја преиспитаат одлуката за супсензија на двајцата полицајци од Битола. Тие беа инволвирани во настанот од пред десетина дена кога едниот од нив истепа битолчанец од ромска етничка припадност откако со возило удри во електричен столб кај Поштата во Битола, а другиот не презеде мерки за да го спречи насилството.
Гоце Делчев Тодев претседател на Неависниот синдикат на полицијата побара институции при донесувањето на конечната одлука да ги земат во предвид сите факти, па и втората снимка која излезе на социјалните мрежи на која, како што рече, се гледа дека едно од лицата се дрзнало да влезе во конфликт со полицијата.
„Според наше видидување постапувале соодветно, односно законски, но се случува од психолошки аспект момент во кој самиот полициски службеник се доведува во ситуација да стане, му се врати и се случи поголема беља. Мора да сме реални и да го земеме во поредвид сето она што го предизвикал граѓанинот, дали е тој Ром, Македонец или Албанец, не станува збро, туку станува збор за лице кое влегува конфликт со полициски службеник на кој условно кажано му оди преку глава цела ситуациј и моментот во кој се наоѓа. А психолошки влијае врз него и тоа што околу него се појавува поголема група на граѓани и мора да се земат во поредвид сите факти. Осудата за нив значи и осуда на нивните семејства“ рече Делчев Тодев.