АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 10/11/12 октомври 2020, полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на подрачје на СВР извршиле контрола на брзина, контрола за алкохол, техничка исправност на возилата, користење сигурносен појас, користење мобилен телефон при управување возило, поседување на возачка дозвола.
Притоа, било констатирани дека 23 возила биле нерегистрирани, без возачка дозвола управувале 29 возачи, под дејство на алкохол биле 11 возачи и тие биле отстранети од сообраќај. Брзината не ја почитувале 113 возачи, сигурносен појас не користеле пет возачи, а осум зборувале на мобилен телефон. За сите неправилности издадени се соодветни налози.