АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пациенти на 44 и 72 годишна возраст починаа ноќеска во ковид центарот на Битолската клиничка болница како последица од Ковид-19.
-Пациентите што починаа и двајцата беа со хронични заболувања и примени во болница во тешка состојба. Во моментов на Инфективното одделение се лекуваат 70 паценти позитивни на Ковид-19 , потврдува д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.
Од почетокот на кризата до денес во Битола починаа 30 лица позитивни на Ковид-19. Бројката на заболени се искачи на 884, од кои дури 408 се активно болни.