АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски, пред малку на официјалната ФБ страница објави дека е позитивен на КОВИД-19. Тој вели дека се заразил и покрај тоа што ги почитувал сите мерки и препораки
-И, покрај сите препорачани мерки од надлежните здравствени институции за заштита и превенција од корона вирусот, каде доследно ги почитував и во целост ги применував, после денешниот тест за ковид 19, сум позитивен.
Од вечерва ќе бидам во изолација и сите службени обврски и работни активности ќе ги извршувам од домашни услови.
Да бидеме одговорни, дисциплинирани и совесни, бидејќи само на тој начин ќе ја совладаме пандемијата, напиша Стојановски