2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Општина Битола потроши шест пати помалку за новогодишната прослава од цехот на Талески

Февруари 12, 2018

Општина Битола ја чинеше близу 9000 евра годинешниот дочек на Новата година на плоштадот Магнолија. Оваа сума е 6 пати помала во споредба со сумата  која ја трошел поранешниот градоначалник  Владимир Талески, или само 16 проценти од она што тој го прикажувал како трошок. Само еден месец по дочекот на Новата година, Општината даде отчет за потрошените пари, за разлика од бившата власт која 12 години не кажа колку чинат новогодишните забави и „Битфест“.

 

Новогодишната  програма годинава подразбираше ди – џеј, настап на пејачот Борче Наумовски, групата Боеми и новогодишниот џубокс со Бојан Стојков, актерите  од Битолскиот театар, Илина Чоревска, Викторија  Степановска – Јанкуловска, Марјан Ѓоргиевски и Маја Андоновска Илијевски, како и новогодишниот концерт на Камерниот оркестар на Битола.

-Вкупниот буџет за реализација на програмата за дочекот на Новата година- 2018 на плоштадот Магнолија е 536 000 денари, одговорија од Општина Битола за апла.мк.

Како што предходно информиравме поп-дивата Калиопи, во 2015 година Талески ја платил  10.000 евра за забавата на Магнолија. Годинава ѕвезда од рангот на Калиопи немаше, ама според пресметките  од Општината и да беше ангажиран изведувач  за истите пари, тогаш повторно сметката би бил под 20 000 евра,  и далеку под  сумите кои  ги  трошел екс градоначалникот. Во оваа споредба впечатлива е разликата која годинава била платена за театарските  детски претстави од вкупно 1700 евра што е драстично пониска цена од сумите од 11 000 евра што Талески ги исплаќал за само една театарска претстава, а плус имало и уште неколку други претстави  кои исто така биле платени со високи суми од по неколку илјади евра.

Детската новогодишна програма, која годинава  ја подготви општината  опфати две театарски претстави, настап на децата учесници на два музички фестивали, кловнови и аниматори.

-Вкупната вредност на хонорарите  одобрени за музичките изведувачи изнесува 210 000 денари, додека за детските претстави и аниматори Комисијата одобри вкупно 104 500 денари. Останатите средстава се за збогатување на вечерната претстава со актерска игра, огномет, како и  техничка поддршка, непоходна за реализација на програмските содржини, дополнуваат во одговорот од Општина Битола.

По падот на ВМРО-ДПМНЕ и заминувањето на Талески, новата општинска власт обелодени дека за последните три години, за новогодишната вечер екс градоначалникот од парите на битолчани потрошил над 130 000 евра, односно 54 000 евра за 2015 година, 44 000 евра за 2016 година и 23 000 евра за 2017 година. Платил персонален данок од 10 проценти на овие суми, како и обврската кон ЗАМП.

Инаку на прашањето кој годинава одлучувал  за изборот на изведувачите и дали тоа е истата постава која тоа го правеше за време на Талески, од Општината Битола, велат дека годинава во изборот на програмските содржини  за прославата за Нова година учествуваа истите лица кои и изминатите години беа дел од Комисијата, со исклучок на едно лице кое од пред две години не е повеќе ангажирано во општинската администрација на Општина Битола, велат во одговорот на поставените прашања од Општината за апла.мк.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани