2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Имам цртежи да направам изложба од Битола до Лерин, а немам галерија и депо, се жали творецот на „Малиот Монмартр“ Хаџиантоновски

Февруари 13, 2018

Коста Хаџиантоновски, основачот на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, по 37 години од „Мал битолски Монмартр“ и 36 години од Националната галерија, лобира и бара чаре како да обезбеди простор во градот за депо и галерија за над 55 илјади  жирирани детски ликовски творби, собирани низ годините.

 

По 20 години, деновиве Хаџиантоновски, морал да ги земе цртежите што биле сместени во простории на градежната фирма „Гранит“.  Едвај успеал да ги смести во објектот на Детското ликовно студио и на други места, но како што вели „тоа не е решение“. Крајно време е простор за депо и галерија да обезбедат  Министерството за култура и Општина Битола.

– Нема депо, тоа ми е најголемиот проблем. Во овие години пристигнати се 650 илјади цртежи, од нив се зачувани најквалитетните дела, повеќе од 55 илјади, а ние нема каде да ги чуваме. Со овие цртежи од конкурсот за Светската изложба три пати влеговме во Гинисовата книга на рекорди. Имам цртежи да направам изложба од Битола до Лерин, ама чаре за депо и галерија не се најде – се пожали Хаџиантоновски.

Поранешната локална власт  11 години тотално го игнорираше „Малиот битолски Монмартр“ со минимална финансиска подршка, а имаше и години кога не  му доделуваше ниту денар, иако бившиот градоначалник Талески секоја година трошеше стотици илијади евра од парите на битолчани за културното лето „Битфест“.

– Сите овие години немав сила да се обратам кај поранешната власт за да добијам простор. Сега е веќе нешто друго. По една деценија, во јануари тука влегоа министер за култура и градоначалник. Се лобира „Малиот Монмартр“ да добие простор во една од зградите на поранешната касарна, каде што ќе биде трајно сместена Светската изложба. „Завој и музеј“ – Битола прво треба да го добие објектот од Општината, да го уреди и потоа да ни го доделат нам –вели Хаџиантоновски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани