АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
2020-та година беше година која ќе остане запаметена како една од најтешките во историјата, во која моравме и мораме да преминеме преку низа на препреки.
Токму затоа, спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клубовите, како општествено одговорни компании, се одлучија да помогнат онаму каде што во моментот тоа е можеби и најпотребно, Клиничката болница во Битола, каде лекарите секојдневно се борат против КОВИД-19.
За потребите на болницата беа донирани флуксометри, и истите ќе бидат од голема корист во обезбедување на кислородна поддршка на пациентите во КОВИД центарот и веќе се ставени во употреба
Празничниот период е време кога сите ние треба да си помогнеме меѓусебе. ЈЗУ Клиничка болница им изразува голема благодарност на Евротип и Голд Слот кои и понатаму ја продолжуваат својата мисија и општествена одговорност, да помагаат онаму каде што е најпотребно.
Во меѓувреме, Новогодишните и Божиќните празници најмногу ги радуваат најмладите. Затоа, Евротип и Голд Слот се обидоа во овие тешки моменти барем накратко да ги израдуваат децата кои во моментот во детското одделение на битолската болница, дарувајќи им Новогодишни пакетчиња.