2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Димитровски од ВМРО ДПМНЕ бара да се изгради парно во спортската, Корлевски од СДСМ го потсети дека тие го промовираа во 2016 година

Декември 28, 2020

Изградба на систем за ладеење и греење во спортската сала "Боро Чурлевски", преку амандман за измена и доплнување на Буџетот на Општина Битола, предложи советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Димитровски на денешната Седница на Советот. Советникот од СДСМ, Борче Корлевски, му реплицираше дека системот за греење и ладење во спортсксата сала го промовираше ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година.

-Ја имаме спортската сала „ Боро Чурлевски“, но, не е добро осмислено  решавањето на проблемот со системот за греење и ладење во оваа сала,  кој што воопшто не постои, а од друга страна се предвидуваат во програмата за проекти за енергетска ефикасност  над 23 милиони денари за промена на дограма. Предлагам од пренесениот вишок на приходи во Буџетот, да се издвојат за прва фаза за проект за изградба на современ систем за греење и ладење 20 милиони денари, тоа се доволно средства за почеток. Несериозно е да се подобри енергетската фикасност, а да не постои  систем за греење. Ќе кажете дека „вие можевте тоа да го направите, тое е долгогодишен проблем“. Јас ќе кажам дека спортската сала првата посериозна реконструкција ја имаше во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, претходно откако е изградена немаше посериозни зафати. ги поздравувам зафатите кои се направени, но сметам дека овој проблем треба да отпочене да се решава, рече Димиторвски од ВМРО-ДПМНЕ.

Корлевски го потсети дека во Спортската сала системот за греење и ладење е изграден за време на владеењето на ВМРОД-ДПМНЕ

-Многу иритира кога ќе се споменуваат манипулативни нформации . Особено е манипулативен фактот да говорат оти не постои систем за греење во спортската сала кои што сами го промовираа во 2016 и потрошија 135 илјади евра од европските фондови. Е сега дали ги потрошија или убаво ги средија, тое е нивно. Но има греење во спортската сала, потребни се клима комори кои што со овој проект што се предвидува со средства од Буџетот ќе се обебзбедат, а со затворање на кровот и промена на дограмата, топлината ќе се задржи во централниот дел на игралиштето. Спортската сала инаку немаше никаков зафат во врме на ВМРО ДПМНЕ и не исполни ниту еден стандард за да игра европски напревари и ги играше двата натпревари во гости. А сега ги има стандардите од СЕХА, ЕХФ и репрезентативни настапи, рече Корлевски.

Борче Димитровски предложи и изградба на атлетска патека

-Вториот проект е исто така спортски, предлагам од пренесениот вишок на приходи во програмата спорт и рекреација да се предвидат 2,5 милиони денари за атлетска патека. Кај нас во рамките на стадионот не е предвидена, не постои таква патека, а ова не е голема ставка. Сметам дека ќе биде добар проект, Битола има потенцијал во атлетиката, но има и рекретаивци кои рекреираат, рече Димитровски за својот втор амандман.

Корлевски пак, повторно го потсети дека атлетска патека е предвидена со реконструкција на стадионот, проект што во октомври 2014 година го промовираше поранешниот градоначалник Владимир Талески

-Ушете со една работа сакаат да ја манипулираат јавноста, а тое е за изгардба на атлетска патека. Но во проектот за изгардба на Стадионот спаѓа и атлетската патека, тоа можат да го видат и во идејниот проект, нека си побарааат. Исто така, можат да видат и од изјавите од октомври 2014 година, дека со помош на УЕФА и Општина Битола, ФФМ изработи проект кој опфаќа реконструкција на северна трибина, рефлектори и атлетска патека, рече Корлевски

Инаку  буџетот на Општина Битола  за 2021 година беше изгласан попладнево по 5 и пол часовна расправа меѓу советниците од Советот со 16 гласа „за“ и 9 „против“. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани