2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во последните 3 месеци од пандемиската 2020 Битола со рекордна негатива во природниот прираст

Март 01, 2021

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, Битола е лидер во Македонија по негативниот природен прираст во последното тримесечје од 2020 година. Во овој период во Битола се родени 161 бебе, а починале 520 лица, од кои две се   новороденчиња, со што природниот прираст е -359.

Во последните три месеци лани, октомври, ноември и декември се регистрирани и најмногу починати од КОВИД-19, на што најверојатно се должи најголемиот негативен прираст забележан во последните години, иако Битола секогаш е на врвот од листата каде бројот на починати е поголем од бројот на новородени. Во истиот период во 2019 година негативниот природен прираст изнесувал -127

Во последното тримесечје лани, во Битола биле склучени 97 бракови, а имало 18 разводи, а во истиот перидо  во 2019 година биле склучени 103 бракови, и разведени 21

Со негативен природен прираст во последниот квртал од 2020 се соочуваат сите општини во државата, освен 7 -Сарај, Шуто Оризари, Арачиново, Липково, Сопиште, Студеничани и Чашка каде има повеќе родени од починати лица.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани