АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владата ја усвои информацијата за реализација на проектот „Изградба на Пречистителна станица за отпадни води и рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Битола“.
Министерството за животна средина и просторно планирање до Секретаријатот за европски прашања треба да достави ИПА апликација за проектот, а потоа СЕП апликацијата да ја достави до Делегација на ЕУ во Скопје и истата да се препрати до Европската комисија во Брисел.
Како што информиравме, обезбедени се приближно 29 милиони евра за изградба на пречистителна станица и колекторски систем во Општина Битола, такашто 85 проценти од средствата се обезбедени преку ИПА фондовите, а 7,5 милиони евра од Владата на РМ.
Општината од својот буџет обезбеди 17 милиони денари за експропријација на земјиштето, постапка која ќе заврши до крајот на март годинава.
-Во пролетниот период треба да се објави јавна набавка за избор на ревизија на проектот, надзор и изведувач, а до крајот на годината да се потпишат договорите за изградба и ќе започнат активностите. Согласно предвидената проектна динамика, Општина Битола до крајот на 2020 година или најдоцна до почетокот на 2021 година, треба да добие пречистителна станица со која е предвидено собирање и третирање на отпадните води во Битола и околината“, соопшти Општината на почетокот на оваа година .