2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

На 59 роденден Владимир Талески во судница за „Транспортер“

Март 07, 2018

Ексградоначалникот на Битола Владимир Талески,  денеска полни 59 години.  После 12 години локална власт во Битола, нему му се суди за криминал со бесплатниот школски превоз, како и за негрижа за Офицерскиот дом во Битола. Пред 13 години на денешен ден Талески како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Битола,  во изборната кампања ги честеше своите соопратијци во еден од кафичите на Широк сокак.

 

Во Кривичниот суд  денеска ново рочиште за предметот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во овој предмет обвинети се поранешниот битолскиот градоначалник  Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Минатото рочиште беше одложено, а судијката Добрила Кацарска како причина, образложи дека е поради тоа што се уште не е добиен одговор за поднесена жалба од Апелацискиот суд. Од истата причина беше одложено и претходното рочиште.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани