2win800x200

Карапец нов директор на студентскиот дом, Спасеновска директор на училишниот дом во Битола

Март 08, 2018

Соња Карапец, е новиот директор на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“ во Битола.  Таа доаѓа на местото на Снежана Пажик, која долги години раководеше со домот.

Карапец на последните локални избори беше втора на листата на советници на СДСМ и коалицијата во Битола, но веднаш уште на првата седница на Советот побара  престанок на мандатот.

Нов директор е поставен и во ученичкиот  дом „Мирка Гинова “ во Битола. Таму на челната позиција од вчера е Елена Патче Спасеновска,

доаѓа на местото на Илија Неделковски, кој во последните месеци ја извршуваше функцијата на вршител на должност. Во ученичкиот дом во Битола од 2007 година до лани директор беше Јасмина Новакова Стојановска, кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Лани полицијата влезе во домот да ја испитува финансиската состојба за време на раководењето на Стојановска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани