2win800x200

Пристигнаа кинеските вакцини во Битола

Мај 03, 2021

 

5.000 кинески вакцини попладнево пристигнаа во Битола, а спортската сала во Медицинското училиште е подготвена за утрешниот почеток на масовната имунизација на граѓаните од овој регион. Вакцини ќе пристигнуваат етапно и во наредните денови во Регионалениот вакцинален пункт во Битола, каде покрај битолачни ќе се имунизираат и жителите од Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Демир Хисар. Во целиот процес се вклучени над 100 луѓе, 25 медицински тимови, администрација, како и волонтери на Црвениот крст, кои ќе работат во две смени.

-Ги завршуваме последните подготoвки пред почетокот на масовната имунизација што ќе започне во текот на утрешнито ден во Регионалниот пункт во Битола. Досега во овој пункт преку апликацијата „Вакцинација.мк“ вкупно се пријавени околу 18 илјади граѓани, а за утре за вакцинација се пријавени 910, вели Весна Спирковска, директор на Здравствен дом - Битола.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Регионалниот вакцинален пункт во Битола ќе работи секој ден освен недела, од 8 до 20 часот, а се затвора досегашниот вакцинален пункт во ОУ „Даме Гуруев“ во Битола каде преку матичните лекари со вакцините на АстраЗенека и Фајзер се вакцинираа 2.300 битолчани од повозрасната категорија. Здравствените власти повикуваат граѓаните да се пријавуваат на страницата „Вакцинација.мк“.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани