2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Нов асфалт за улицата „Широка“

Мај 21, 2021

Градоначалничката Наташа Петровска, денес изврши увид на градежните активности на улицата „Широка“.

Како поврзување на претходната инвестиција и комплетирање на проектот за нова улица, локалната самоуправа инвестираше во реконструкција на вториот дел на улицата „Широка“. Улицата се асфалтира после повеќе од 30 години, а градежните активности се завршени во период од две недели. Вкупната вредност на проектот изнесува 702.365,00 денари.

Локалната самоуправа, предводена од градоначалничката Петровска, во 2019 година, изврши комплетна изградба на другиот дел од улицата „Широка“ во должина од 500 метри, при што таа улица беше асфалтирана за првпат. Во овој дел поставено е уличното осветлување и направени се тротоари. Вкупната вредност на проектот за изградба на новиот дел од улица „Широка“ изнесуваше 3.300.000 денари.

Реализацијата на проектите за изградба и реконструкција на улици, во урбаниот и руралниот дел на општина Битола, се одвива согласно предвидената програма, а во насока на обезбедување подобра инфраструктура за сите граѓани. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани