Гого Видимче е новиот директор на Центарот за развој на Пелагонискиот регион

Март 21, 2018

Гого Видимче ќе биде новиот директор во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Тој денеска е избран на седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион во кои членуваат градоначалниците на девет Пелагониски општини-Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Могила, Новаци, Долнени, Демир Хисар и Кривогаштани.

Видимче доаѓа на местото на Емилиа Героска, досегашен директор на ЦРППР.

Инаку ЦРППР е правен субјект кој подготвува предлог-проекти за развој на Пелагонискиот плански регион и за подрачјата со специфични развојни потреби, ги координира активностите поврзани со имплементацијата на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион, ги реализира проектите за развој и врши промоција на развојните можности на Пелагонискиот плански регион.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани