АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утрово во 6:33 часот започна процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја, а на двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези. Во тимот што ја спроведува трансплатанцијата се двајца битолски лекари-анестезиолози, д-р Јасмина Илиевска и д-р Стефанија Хаџиевска.
-Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот. На тимовите лекари кои ќе ги вршат трансплантациите им посакувам многу успех. Да им држиме среќа, напиша на фб министерот за здравство Венко Филипче.
Тој пред малкѕ соопшти дека во тек е третата транспалтација на срце
-Во тек е трансплантација на срце која ја прават колегите кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, анестезиолозите д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Митасова, д-р Јасмина Илиевска, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри.Ова е трета трансплантација на срце во историјата на нашата земја, напиша Филипче