2win800x200

Нов полигон во Битола или ново пролонгирање на состојбите!?

Март 23, 2018

Битола сеуште нема полигон за полагање на возачки испит, пет години инструкторите и кандидатите возат до полигоните во соседните градови. Оние кои се засегнати од овој проблем велат дека Битола има полигон во близина на селото Поешево, но се чека дозвола за негова употреба.  Владата донесе одлука да се изврши пренамена на земјоделско земјиште за полигон во близина на Битола, а веста ја потврди и градоначалничката Наташа Петровска на својот фејсбук профил. Локацијата не се откри, ниту други детали.

Ѓорги Јошевски, граѓански активисти  од Граѓанската асоцијација Битола, вработен во една од автошколите вели дека Битола има полигон во приватна сопственост кај селото Поешево, на само  неколку километри од градот, но ниту претходната, ниту оваа власт и покрај ветувањата не дале времена употребна дозвола за да можат автошколите да го користат и да не патуваат до Прилеп и Ресен.

-Полигонот е изграден и така стои, ако претходната власт дадеше употребна дозвола, средствата што се одлеваат во Прилеп и Ресен , ќе влегуваа во буџетот на општина Битола. Истото прашање важи и за оваа власт зошто не смогне сили да ја даде таа дозвола за полигонот во Поешево? Станува збор за 9 автошколи со близу илјада кандидати. Секој кандидат плаќа по 16 900 денари  само за теорија и пракса, вели Јошевски.

Јошевски отворено прашува , дали Општината со сопствени средства ќе го гради полигонот  или ќе бара јавно-приватно партнерство, ако е така, вели тој, тоа ќе значи пролонгирање на состојбите и на роковите за нов полигон во Битола, што повторно ќе се рефлектира врз работата на автошколите и секако врз џебот на кандидатите.

-Она што очекуваме да го направи Општината е да прати комисии во полигонот во Поешево, да видат дали може да се даде дозвола и да се користи  и ако има мали недостатоци да се наложи на сопственикот да се решат и корегираат. Ова ќе биде во интерес на сите нас, зошто не сакаме да си го поставиме прашањето , што ако  се случи  несреќа, вели Јошевски.

Битола остана без полигон за полагање возачки испит, откако Секторот за управно-надзорни работи при МВР во 2013 година донесе решение за забрана за користење на теренот поради неисполнување на пропишаните стандарди. Решението беше донесено на 15 мај истата година. Оттогаш испитните центри немаат каде да го одржуваат практичниот дел од испитот.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани