2win800x200

ОПШТИНА БИТОЛА ОБЕЗБЕДИ ТЕРЕН ЗА ИЗГРАДБА НА ПОЛИГОН

Март 23, 2018

По пет години чекање, Општина Битола конечно обезбeди терен за изградба на полигон за полагање на практичниот дел од  возачкиот испит. Од Општината за апла.мк соопштија дека локацијата се наоѓа во Горно Оризари и дека државното земјиште е пренаменето во општинско со намена таму да се направи полигон.

 

„Може да се гради полигон. Сега  треба правно да се испита како е најдобро дали тоа може да го направи Oпштината или јавните претпријатија, ако пак тоа не е возможно, тогаш ќе се организира јавна расправа со здруженијата кои одржуваат обуки за возачки испити да дадат сугестии“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Таа не можеше да прецизира кога Битола ќе добие конечно полигон, но рече дека ќе настојува тоа да се реши годинава.

Пет години битолчани за возачи полагаат во Прилеп и во Ресен. Кандидатите за возачи се принудени да патуваат во други градови откако во 2013 година Секторот за управно-надзорни работи при МВР ја забрани употребата на полигонот кај Спортската сала „Младост“ зашто не ги исполнуваше пропишаните стандарди. Испитните центри немаат каде да го одржуваат практичниот дел од испитот, па кандидатите се упатуваат да полагаат на полигоните во соседните градови.

„Според искуството на лица упатени во овој бизнис, на годишно ниво Битола има од 1.000 до 1.200 кандидати за полагање на возачки испити. Ако секој од нив плаќа по 1000 денари за да полага на полигони во соседните градови тоа е на годишно ниво трошок од 20.000 евра или за три години 60.000 евра кои се одлеале во Прилеп и Ресен. Тука се и патните трошоци, во просек од 600 денари на кандидат или 10.000 евра годишно“, велат идните возачи.

Во изминатите години од претходната локална власт велеа дека постапката за нова локација е е во завршна фаза, но место за полигон не беше обезбедено. 

Граѓански активнисти упатени во оваа проблематика предлагаа полигонот да биде во Поешево зашто таму веќе е изграден полигон. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани