2win800x200

Уште пред црвениот тепих, на Манаки стигнаа скулптурите од ѓубре за да не потсетат да не фрламе смет околу

Септември 15, 2021

Иницијтивата Мети си со класнето, препознаена од Божиновски Часовници и накит, Центар за култура - Битола и Меѓународниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки”, изнесе приказни за 40 скулптури кои бездруго во некоја друга форма ќе завршеа во Мегленци. „Ние,сите, синоќа на ѓубрето му дадовме душа“, велат организаторите на изложбата. 

Дијана Колонџовска ја раскажа приказната за еден нетипичен бидермаер кој ќе се предава од генерација на генерација и е направен од рециклиран накит од гостите присутни на една уникатна свадба. Ова докажува дека не секогаш прескапите увозни букети се и најубави.Бидермаерот from trash to treasurejpg
 
Анкица Адамс со нејзините девојки ја раскажаа приказната за скулптурата Камера 300, висока 1.50 cm, направена од стари делови од автомобили (вклучувајќи и регистерски таблички од времето на Југославија). Само два дена ги чистеа пред да ги создадат во уметничко дело.Класнето со Маја Андоновска Илијевски пред скулпштура Камера триста од отпад
 
Изложбата е дел од офф прогрaмата на Фестивалот „Браќа Манаки“. Директорката на институцијата домаќин, Центaрот за култура, Маја Андоновска Илијевски во јавноста излезе со многу силна порака за сите оние кои ја валкаат средината околу нас: 
„А за оваа иницијатива, која некои ја подржуваат, некои ја игнорират, трети се индиферентни допрва ќе слушаме. Затоа што е инспиративна, поттикнува, воспитува, и го менува начинот на размислување кај младите, истите оние млади кои низ скулптурите вечерва тивко ни одржаа лекција.
А за два дена , кога ќе светнат рефлекторите и ќе не занесе магијата на филмскиот фестивал, да не забораваме дека на патеката на која една недела ќе биде послан црвениот килим, прво го донесовме ѓубрето, кое ние секојдневно го расфрламе, и нека не потсеќа дека со вртење на главата, нема да живееме во почист и поубав град. Но и дека од секој еден од нас зависи каква приказна ќе пишуваме за Битола...''
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани