АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската полиција поднесе кривични пријави против поранешниот директор на ЈП „Нискоградба“, Кире Крстевски, за сторени кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување “несовесно работење во службата” и “фалсификување или уништување на деловни книги”.
Крстевски во својство на директор, ја искористил својата службена положба на начин што побарал од финансовата служба во деловните исправи-завршни сметки за 2013 и 2014 година да се внесат невистинити податоци за приходите на претпријатието,со цел да се прикаже добивка во работењето,по што со свој потпис и печат од ЈКП ги заверил како вистинити и истите ги употребил пред Советот на Општина Битола. Со тоа превел дејствија опишани во кривичните дела“злоупотреба на службена положба и овластување и “фалсификување или уништување на деловни книги.
Пријавениот во периодот од 2013 до 2017 година одобрувал големи трошоци за репрезентација со што неоправдано се зголемувале расходите на претпријатието, а тоа крајно се одразувало на добивката на КЈП Нискоградба, за што полицијата го товари за кривичното дело “несовесно работење во службата” .