АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Девет компании се јавија на повторениот повик за набавка на јаглен за третиот блок на РЕК „Битола“ за дополнително производство на електрична енергија наменето за стопанството и државните институции. Понудите ги исполнуваат бараните количини од 900 илјади тони јаглен, соопштија од ЕСМ.
Понуди се доставени од домашни фирми кои нудат јаглен од два домашни рудници, потоа од фирми од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и од Турција.
„Следува техничка евалуација, односно проверка дали понудениот јаглен ги задоволува минимум техничките карактеристики, по што ќе се прави економско-финансиска евалуација на понудите“, соопштија од ЕСМ.
Што се однесува до јагленот за ТЕЦ Осломеј од првиот повик за набавка, се очекува во понеделник да се официјализира изборот на понудувачот на 300 илјади тони јаглен и да се потпише договор, по што веднаш ќе започне испораката со динамика предвидена во договорот.
Од компанијата посочуваат дека се во постојана комуникација со Владата и ТЕЦ „Неготино“ со цел стартување на термоелектраната.
ЕСМ планира да го интензивира домашното производство на струја со цел да се избегне ценовен шок на стопанството во набавката на електрична енргија и да нема рестрикции.