2win800x200

Застаклени археолошките наоди пред Јени џамија

Декември 27, 2021

Поствен е стаклен под над археолошките ископини пред Јени џамија во Битола. Таму се откриени остатоци од христијански храм и гробови. На овој начин се заштитуваат археолошките наоди, а се овозможува и минувачите да можат да ги видат остататоците од христијанскиот храм. Ова беше проект што го вети претходната градоначалничка Наташа Петровска, за што пред заминување рече дека се обезбеди средства од буџетот на Општина Битола. Се очекуваше да завршат конзерваторските работи за да се застакли местото.

„„Битола отсекогаш била град кој покажувал соживот на сите етникуми. Токму овој објект го покажува тоа, место каде имаме археолошки наоди на постоење на црква во минатото, но имаме и џамија. Во следниот период планираме, а ќе го предложам и како градоначалник на првата следна седница, а тоа е Општина Битола да донира финансиски средства со кои ќе може да биде направена заштита на овие археолошки наоди на црквата што постоела. На тој начин ќе покажеме дека умееме да ги сочуваме нашите вредности, соживотот, а и привлечноста за туристите по пандемијата“, рече Петровска на 18 април годинава.

Во внатрешноста на џамијата веќе е ставен стаклен под за да се гледаат темелите на црквите. Целта е објектот да ги обединува христијанското и исламското културно наследство.

Во дворот на Јени џамија неколку години се правеа археолошки истражувања, со цел да се дефинира опфатот на црквите, чии темели беа откриени уште при истражувањата во тремот на џамијата, односно во молитвениот дел. Според досегашните наоди, Јени џамија крие темели на три цркви кои датираат од седмиот, 11. и 13. век, а се смета дека едната од нив е некогаш најголемата црква во центарот на Битола, „Св. Ѓорѓи“. При ископувањата беа пронајдени два печата, сребрен со ликот на Свети Ѓорѓи и друг со ликот на Богородица во молитва. За највреден пронајдок се смета пекторалниот медалјон, на кој се изгравирани позлатени фигури на светци.266715091 1962730680562346 5006210592698027279 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани